Изложбата на босанскиот уметник Амер Хаџиќ, насловена „Бетон, меморија, поп-икони“, е поставена во Ликовниот салон во Велес. Преку своите дела, Хаџиќ го истражува односот помеѓу урбаниот простор, архитектонското наследство и симболите на популарната култура.
„Напуштените градски амбиенти, трагите на времето и препознатливите ликови од современата визуелна култура се среќаваат во дела што отвораат прашања за меморијата, идентитетот и општеството во кое живееме. Познатите јунаци како Снупи, Пинокио и Мики Маус преку поп-артот се прикажани надвор од нивниот вообичаен контекст, на ѕидовите во Сараево, а се претставени и во делата изложени тука“, рече Јаким Зимоски, директорот на Музеј-галеријата во Кавадарци, која го донесе авторот за да се претстави пред македонската публика.

Поставката се состои од 28 дела, изработени во техниките масло и акрил на платно.
Триесет и осумгодишниот Хаџиќ е член на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина и работи како професор на Ликовната академија во Сараево.
П. ПЕЧКОВ