ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ХОСКАР – НАЈДОБРИОТ ХОСТЕЛ НА СВЕТОТ СЕ НАОЃА ВО ПРАГА

Прага, (Гардијан)

Хостел во Прага е големиот победник на годинашните Хоскари, откако беше избран за најдобар на светот, најдобар мал хостел и за најдобар на светот за соло патници.

„Роудхаус“, каде што цените на ноќевање почнуваат од 26 фунти, се наоѓа во стариот дел на градот и е опишан како идеално место за друштвени туристи. Тој ја освои престижната награда само 18 месеци од отворањето, добивајќи просечна оценка од 9,9 од неговите рецензенти. На Фејсбук и Гугл тој има совршена оценка 5/5.

Оние кои престојувале во „Роудхаус“ ја фалат неговата семејна атмосфера

Оние кои сами патуваат ги пофалија неговите големи заеднички простории, организирани групни прошетки и патувања до локални фестивали, како и чувството дека сте дома, што вклучува „Нетфликс“ и „семејни“ вечери.

Хоскарите се базираат на податоците од 1,2 милиони рецензии направени на сајтот „Хостелворлд“, при што предвид биле земени 36.000 објекти во 170 земји. Оваа година, награди се доделени во 29 категории.

На второто место се пласираше „Соулкичн“ во Санкт Петербург, а трет е уште еден хостел во Прага, „Оне миру“.