Холандските дизајнери Виктор Хорстинг и Ролф Снурен ги споија меме културата и високата мода во својата нова колекција, што ја претставија на Модната недела во Париз.
„До која мера можете да кажете нешто со својата облека?“, ја појаснија својата идеја двајцата дизајнери.
Тие промовираа 18 претерано големи, но, сепак, елегантни фустани и секоја креација зборуваше сама за себе.
„Јас сум своја сопствена муза“, стоеше на еден зелен фустан.
Дали се претерува со модата денес?
„Помалку е повеќе“, одговори друг фустан.
Виктор и Ролф велат дека не им беше намера да наметнуваат мислење со својата колекција, оставајќи ѝ на јавноста сама да протолкува.