Еден од најпознатите супермодели на сите времиња, Кејт Мос и нејзината ќерка Лајла Грејс, која почна да гради кариера во модниот свет, за првпат заедно учествуваа на модна ревија. Британската манекенка и 18-годишната Лајла носеа креации на „Фенди“ од колекцијата за висока мода пролет/лето 2021 на Модната недела во Париз.

Наоми Кембел (Фото: АП)

Во 2016, Кејт и Лајла заедно позираа за насловната страница на „Вог“, но ова е нивно прво заедничко појавување на модна писта. Мос ја доби Лајла во врската со Џеферсон Хек.

На истата модна ревија како манекенки продефилираа Наоми Кембел, Деми Мур, Кара Делавињ и Бела Хадид.