КАТРИН ДЕНЕВ СОБРА МИЛИОН ДОЛАРИ ОД ПРОДАЖБАТА НА ФУСТАНИТЕ ОД ИВ СЕН ЛОРАН

Париз, (Ројтерс)

Фустанот што француската филмска дива Катрин Денев го носела кога се запознала со Алфред Хичкок во 1969 беше меѓу големиот број нејзини гламурозни фустани кои се продадоа на аукција во Париз.

(Фото: Кристис)

Денев ги стави на продажба 130-те уникатни фустани, креирани за неа од нејзиниот близок пријател, модната икона Ив Сен Лоран, кој почина во 2008. Аукциската куќа „Кристис“ објави дека на аукцијата биле собрани 1,02 милиони долари (900,625 евра).

Денев (75) вели дека со тешко срце се решила за ова, бидејќи ја продава куќата во северна Франција. Покрај фустаните од висока мода, уште 170 парчиња ќе се продаваат на онлајн аукцијата, која ќе трае до 30 јануари.

(Фото: Кристис)

Денев и еден од највлијателните дизајнери на 20. век се запознале кога таа имала 22 години и четири децении го одржувале пријателството.