Што е подобро, пиво пред вино или вино пред пиво?
Едно ново истражување ја побива идејата дека редоследот според кој ги пиеме алкохолните пијалоци влијае врз сериозноста на мамурлакот. На 90 волонтери им биле дадени пијачки според различен редослед, кој бил сменет по една недела и истражувањето покажа дека најдобрите показатели за наредниот ден се како пијани луѓе се чувствуваат и дали повраќаат.
„Луѓето би требало да обрнат внимание на овие предупредувања за да ги намалат шансите за лош мамурлак“, велат научниците.
Сѐ уште не е доволно јасно што навистина предизвикува мамурлак, ниту науката има пронајдено ефективен лек за него. Интензитетот на мамурлакот исто така не може да се предвиди врз основа на возраста, телесната тежина или навиките за пиење.
„Редоследот на пијачките се покажа неважен. Колку мизерни ќе бидете наредниот ден, може да се предвиди од тоа колку пијано се чувствувате и дали ви е лошо. Сите треба да обрнеме внимание на тоа додека пиеме“, вели професорот Јеран Келинг, еден од авторите на студијата.
Освен да пиете помалку, еве неколку начини како да спречите мамурлак наредниот ден:
- не пијте на празен стомак
- избегнувајте темно обоени пијалоци ако сте сфатиле дека сте чувствителни на нив
- пијте вода меѓу пијачките
- напијте се голема чаша вода пред да одите на спиење.