ТРАМП САКА АМЕРИКА ДА БИДЕ ЛИДЕР ВО ТЕХНОЛОГИЈА ШТО НЕ НИ ПОСТОИ

Вашингтон, (Индипендент)
WASHINGTON, DC - DECEMBER 24: President Donald Trump and first lady Melania Trump speak on the phone with children as they track Santa Claus with the North American Aerospace Defense Command, NORAD, on Christmas Eve in the State Dinning Room of the White House on December 24, 2018 in Washington, DC. (Photo by Oliver Contreras/For The Washington Post)

Светот сѐ уште не почнал да ја применува 5Г технологијата, а Доналд Трамп сака САД да бидат и чекор понапред од тоа. Во серија твитови, тој побара од американските компании да бидат лидери во 5Г, па дури и во 6Г технологијата, која не ни постои, ниту е на повидок.

„Ја сакам 5Г, дури и 6Г технологијата во САД што е можно побрзо. Таа е многу помоќна, побрза и попаметна од сегашните стандарди. Американските компании мора да ги засилат своите напори или ќе заостанат. Тоа е иднината и американските компании мора да ја победат конкуренцијата. Ние мора да бидеме лидери во сѐ што правиме, особено во светот на технологијата“, напиша Трамп на Твитер.

Пораките на Трамп се совпаднаа со почетокот на најголемиот саем за мобилна телефонија во светот, чиј домаќин следната недела ќе биде Финска.

6Г технологијата што ја сака Трамп веројатно нема да се појави најмалку до 2030 година, велат експертите.