Доналд Трамп се осврна на враќањето на војводата и војвотката од Сасекс во Велика Британија, Хари и Меган, велејќи дека е среќен поради тоа.
„Не сум нивни обожавател Имав многу добар однос со кралицата. Ја запознав многу добро. Имам и навистина добар однос со кралот Чарлс, го познавав уште како принц Чарлс“, рече Трамп.
Тој смета дека Хари и Меган се однесувале кон кралското семејство со големо непочитување.
„Не ми се допадна тоа. Да бев кралското семејство, немаше да ги прифатам назад“, порача Трамп.
Хари и Меган се вратија во Велика Британија минатата недела, шест години откако заминаа за САД и се откажаа од своите кралски задолженија. Тие живееја во Калифорнија од 2020 година и досега немаат зборувано јавно за своите планови и каде ќе живеат.
(Фото: АП)