САНТА МРАЗ ДВОЈНО ПОГОЛЕМА ОД ЊУЈОРК ЌЕ СЕ ОТКИНЕ НА АНТАРКТИК

Лондон, (Гардијан)

Санта мраз со површина двојно поголема од Њујорк ќе се откине од антарктичкиот вечен мраз како резултат на пукнатина која се шири со голема брзина, објави НАСА.

Пукнатината долж платформата Брант првпат била забележана во октомври 2016 и оттогаш се шири кон исток. Таа ќе се спои со друга пукнатина која беше стабилна во последните 35 години, но во последно време забрзано се шири кон север. Кога ќе се сретнат, што се очекува во наредните недели, тоа ќе доведе до откинување на санта мраз со големина од најмалку 1.000 квадратни километри.

„Ова е природен процес, но неодамнешните промени не биле познати во оваа област и тоа може да доведе до натамошна дестабилизација на ледената платформа Брант“, вели глациологот на НАСА, Крис Шаман.

Долгорочната иднина на антарктичките ледени платформи ќе има огромно влијание врз порастот на нивото на морето низ светот. Последните извештаи кажуваат дека антарктичкиот мраз се топи со рекордна брзина, што претставува закана за крајбрежни градови.