Американскиот пејач Рој Орбисон ќе се врати на сцена наредната година, три децении по неговата смрт.
Според примерот на Тупак Шакур и на Мајкл Џексон, и Орбисон за момент ќе биде вратен во живот преку холограмски 3Д проекции. На овој начин, тој ќе оди на десетдневна турнеја низ Велика Британија, придружуван од оркестарот на Кралската филхармонија.
„Ова е постава од сoништата“, кажа синот на Орбисон, Алекс.
Орбисон, за чија мистериозност придонесуваа темните очила, почина од срцев удар во 1988 година на 52-годишна возраст. Неговиот живот беше исполнет со трагедии: сопругата почина по мотоциклистичка несреќа, а двата постари сина загинаа во пожар.
Откако холограмскиот Тупак се појави на фестивалот Коачела во 2012 година, новите технологии се повеќе навлегоа во музиката.
Следниот месец, починатата хеви метал легенда Рони Џејмс Дио ќе одржи светска турнеја, поддржан од музичари кои порано свиреа со него, а за наредната година е најавено „оживувањето“ на Френк Запа.