МАГИЈАТА ОД „ХАРИ ПОТЕР“ ПРЕТСТАВЕНА НА ИЗЛОЖБА ВО ЛОНДОН

Лондон, (Телеграф)

Најпознатиот англиски волшебник стигна до магичните хали на Британската библиотека во Лондон.

„Хари Потер – историја на магијата“ е насловот на изложбата која се отвори неодамна, а ќе трае до февруари 2018 година. Уште пред да биде отворена, беа продадени над 30.000 билети.

Сад за кој се верува дека се користел за правење магии (Фото: Британска библиотека)

Џулијан Харисон, куратор од одделот за средновековни историски ракописи во музејот, вели дека изложбата нуди инспиративно и забавно патување за посетителите од сите возрасти.


„Изложбата ги води посетителите на едно прекрасно патување низ историјата на магијата, од сирени до кристални топки, метли, шапки, копчиња за летање. Забавно беше да се избираат експонатите “, рече Харисон.

 

Лондонската изложба (20 октомври 2017-28 февруари 2018 година) сигурно ќе ги привлече обожавателите на Хари Потер, како и сите други заинтересирани за магија, алхемија и митологија. – Кураторот Џулијан Харисон

За време на подготовките, вработените во музејот се сретнале со историски и митолошки приказни кои служеа како модели за многу ликови и приказни во романите за Хари Потер.

„Сакавме да ги откриеме магиските традиции што лежат зад книгите на Хари Потер и наидовме на толку многу неверојатни артефакти”, рече Харисон.

Во античко време, се верувало дека магијата со абракадабра имала лековити моќи. Била напишана и се носела како амајлија (Фото : Британска библиотека)

Изложбата е поделена на клучните предмети кои се предаваат на Хогвортс школата за магии и волшебништво, од Хербологија до Одбрана од црна магија.
Можеби, најфасцинантни се сложените белешки за цртање, цртежи и графикони на тогаш непознатата Џ. К. Роулинг, авторката на книгите за Хари Потер.

Дури и 20 години по објавувањето на првиот роман, фасцинацијата со Потер и со неговиот магичен свет не исчезнува. Книгите се преведоа на 80 јазици, а филмските верзии (2001 – 2011) со Даниел Редклиф во главната улога заработија речиси седум милијарди евра во киноблагајните.