Џенифер Лопез и Алекс Родригес ја одбележаа двегодишнината од врската со свршувачка.
И двајцата ја потврдија убавата вест на своите профили на Инстаграм, објавувајќи ја фотографијата со голем прстен на раката на 49-годишната пејачка.
„Таа кажа ‘да‘!“, напиша Родригес под сликата.
Лопез и бејзбол ѕвездата беа неразделни откако ја почнаа врската во февруари 2017 година и не се срамеа јавно да си искажуваат љубов и почит.
Популарната Џеј Ло зад себе веќе има три пропаднати брака, последно со пејачот Марк Ентони, од кого се разведе во 2014 година.