Леди Гага ги демантираше шпекулациите дека е трудна, така што најави дека очекува нов албум. Таа потврди на Твитер дека работи на својот шести студиски албум.
„Се шпекулира дека сум трудна. Да, трудна сум, ама со ‘ЛГ6‘“, се пошегува Гага на Твитер, алудирајќи на својот шести албум.
Вакви шпекулации се појавија откако Гага ја раскина свршувачката со Кристијан Карино, што се случи непосредно пред Оскарите, кадешто таа не беше прогласена за најдобра актерка, но ја освои статуетката за најдобра песна.
Претходниот албум на Леди Гага, „Џоен“, излезе пред три години.