Мексикански народни носии се изложени во Музејот на Македонија на изложбата „Извонредниот текстил на Мексико“, со која се одбележуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Мексико.
Куратор на изложбата е кустос етнолог Наде Костадиновска-Спасеновска.

„Мексиканската традиционална носија не е само парче ткаенина или облека. Таа е жив сведок на мексиканските идентитет, историја и дух. Во секој извезен конец, во секој интензивен колорит и во секој специфичен мотив што ќе го видите на овие експонати е вткаена приказната за богатата историја на Мексико, синтеза помеѓу древните домородни цивилизации и подоцнежните шпански колонијални влијанија. Преку овие носии ние ја славиме мексиканската жена: нејзината улога како чувар на традицијата, семејството, усните преданија и на естетиката, што се пренесува од генерација на генерација“, вели директорот Александар Ристевски.
Изложбата ќе биде отворена до 1 ноември.