Британскиот пејач Сем Смит изјави дека е небинарна личност и дека понекогаш се чувствува како женско.
„Отсекогаш сум водел мала војна во моите тело и ум. Понекогаш размислувам како жена“, изјави 26-годишниот Смит во интервјуто со актерката Џамила Џамил.
Добитникот на Оскар за најдобра песна за „Спектра“ во 2016 година вели дека размислува и за операција за промена на пол.
„Понекогаш се прашувам дали сакам да го променам полот. Тоа е нешто за што размислувам“.
Повеќето небинарни, односно родово неутрални личности не се идентификуваат како машко или женско и место тој и таа, ги користат фразите тие и нив.
„Не сум ни машко, ни женско. Мислам дека пловам некаде меѓу. Ова признание ми помогна да се здобијам со поголема самодоверба за моето тело“, кажа Смит.
Минатата година, и актерот Езра Милер изјави дека е небинарен.