Да се види Тенди Њутон покрај нејзината ќерка Нико Паркер на црвен тепих беше како сцена од серијата „Западен свет“.
Неверојатно слични, британската актерка и нејзината 14-годишна наследничка привлекоа големо внимание на европската премиера на римејкот на класичниот анимиран филм на „Дизни“, „Дамбо“.
„Дамбо“ претставува филмско деби за Нико Паркер, кадешто ја игра ќерката на ликот на Колин Фарел. Таа е второто од трите деца на Њутон и нејзиниот сопруг, режисерот на „Мама миа 2“, Оли Паркер.
„Нико ја има мојата целосна поддршка во тоа што го прави. Таа имаше само 12 години кога почна да го снима ‘Дамбо‘ и притоа имаше голема среќа на своето филмско деби да соработува со Тим Бартон“, изјави Њутон.
Освен Фарел, Паркер во „Дамбо“ игра покрај Ева Грин, Дени ДеВито, Мајкл Китон и Алан Аркин. Филмот доаѓа во кината в среда.