И АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ВЛЕГУВА ВО УНИВЕРЗУМОТ НА „МАРВЕЛ“

Лос Анџелес, (Гардијан)

Анџелина Џоли е последното големо холивудско име кое влегува во универзумот на „Марвел“, откако потпиша договор за филм што ќе се базира на стрипот „The Eternals“.

Овој проект треба да биде дел од она што претседателот на студиото Кевин Фиџ го нарече „четврта фаза“.

Ликот што треба да го игра Џоли се вика Серси, која е дел од групата речиси бесмртни луѓе, кои имаат добиено супермоќи од вонземјани. Филмот ќе го режира Клое Џао.

Eternals се креирани од Џек Кирби по неговото заминување од „Ди-Си комикс“ и првпат се појавија во стрип во 1976 година.

Џоли моментално работи на продолжението на „Господарка на злото“.