„ИГРА НА ТРОНОВИ“ ПОСТАВИ НОВИ РЕКОРДИ НА СТАРТОТ НА ОСМАТА СЕЗОНА

Лос Анџелес, (АП)

Првата епизода од финалната сезона на „Игра на тронови“ постави нови рекорди и за серијата и за Ејч-Би-О.

ТВ-мрежата објави дека 17,4 милиони луѓе ја гледале неделната епизода, било на телевизија, било на интернет и овие бројки несомнено ќе пораснат кога ќе се додадат гледачите од одложеното емитување.

Досегашниот рекорд на отворањето го држеше претходната, седма сезона, кое имало 16,1 милион гледачи, а севкупниот рекорд од 16,9 милиони гледачи беше забележан во финалето на истата сезона.

Епизодите од минатата сезона на „Игра на тронови“ имаа во просек 32,8 милиони гледачи, објави мрежата.