БЕЛОНОСЕСТО КОАТИ ВО МАЈ ЌЕ СТИГНЕ ОД СЛОВЕНИЈА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

Скопје,(СМАРТ СДК.МК)

Две белоносести коатија во мај ќе стигнат во скопската Зоолошка градина. Коатите, кои посетителите за првпат ќе можат да ги видат во Зоолошка, се донација од градината во Љубљана.

„Двете коатија се штотуку родени и чекаме уште две-три недели да пораснат, за да можеме да ги транспортираме во Скопје. Станува збор за мали животни од семејството ракуни кои потекнуваат од Средна Америка, растат до 3-4 килограми и сигурни сме дека ќе бидат атракција за посетителите. Во моментов се опремува нивното живеалиште“, велат од Зоолошката градина.

Оттаму додаваат дека во мај ќе пристигнат и зебрите, донација од Полска и ќе се врати шимпанзото Коко, кој беше на лекуваше од депресија во Холандија.

А. АНТЕВСКА