МИШЕЛ ОБАМА ВО ПИЖАМИ НА СРПСКА ДИЗАЈНЕРКА СИ ЈА ПРОМОВИРАШЕ КНИГАТА ВО ПАРИЗ

Париз, (Гардијан)

Мишел Обама ја финишира својата светска турнеја на којашто ја промовира автобиографијата „Мојата приказна“ и притоа покажува дека и распродадена арена може да претвори во интимен настан.

Ова најдобро дојде до израз во Париз, каде што поранешната прва дама на САД излезе пред 10.000 луѓе во пижами, креација на српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ. Таа дополнително го нагласи своето расположение со изборот на бојата на пижамите, корална, која од „Пантон“ беше прогласена за боја на 2019.

„Целиот карактер на Мишел Обама се базира на автентичност и интимност, па пижами не се случајно избрани. Кога носите пижами, можете да се чувствувате како да сте во приватен момент, иако, всушност, се наоѓате пред 10.000 луѓе“, вели модниот психолог и професор Керолин Мер.

Пижамите на Илинчиќ, која работи во Лондон, сѐ уште ги нема во продажба, а нивната цена е 1.486 фунти.

Откако беше објавена во ноември, „Мојата приказна“ се продаде во над 10 милиони примероци.