НА БЕКАМОВИ ИМ СНЕМА БОНБОНИ ЗА НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ

Лондон, (Дејли мејл)

Бекамови останале без бонбони за Ноќта на вештерките.

Дејвид и Викторија Бекам во вторникот поставија порака пред влезот на нивната куќа во Лондон, со која се извинија што немаат бонбони и чоколади. Според традицијата на овој празник, деца маскирани одат од куќа до куќа, а домаќините им подаруваат благи.

„Нѝ снема бонбони. Среќен празник Ноќ на вештерките“, пишуваше на рачно напишаната порака, која беше закачена на влезната врата.

Куќата на Бекамови во Лондон за Ноќта на вештерките беше украсена со скелети, костури и тикви, кои се карактеристични за празникот.