„МРАЧНИОТ ФЕНИКС“ ОД ДЕНЕСКА ВО КИНАТА СИНЕПЛЕКС И МИЛЕНИУМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Мрачниот Феникс“, 12. филм од серијалот „Екс-Мен“, од денеска е на репертоарот на скопските кина Синеплекс и Милениум.

Како директно продолжение на „Апокалипса“ од 2016 година, филмот се фокусира на ликот на Џин Греј, што ја игра ѕвездата на „Игра на тронови“, Софи Тарнер, која развива неверојатни моќи што ја претвораат во Феникс.

Своите улоги ги повторуваат и Џејмс Мекавој, Мајкл Фасбендер, Џенифер Лоренс, Николас Хоулт, Коди Смит-Мекфи и Александра Шип, додека Џесика Честејн е ново име во франшизата.

Филмот генерално не помина добро кај фановите и критиката, од кои некои го оценија како најлош во серијалот.