СЕДМИОТ АЛБУМ НА ТЕЈЛОР СВИФТ ИЗЛЕГУВА ВО АВГУСТ

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Една од најголемите поп ѕвезди на денешнината Тејлор Свифт е подготвена повторно да ги покори топ-листите, откако го најави својот седми студиски албум.

Тој ќе се вика „Lover“ и ќе излезе на 23 август, ќе содржи 18 песни, од кои втората, „You Need to Calm Down“, беше објавена денеска.

„Новиот албум е доста романтичен, но не е тематски, не се сите песни љубовни. Едвај чекам да го чуете“, напиша Свифт на Инстаграм.

Lover“ доаѓа две години по „Репутација“, кој се искачи на врвот на топ-листите во САД и Велика Британија и беше вториот најпродаван албум во светот за 2017. Тој беше проследен и со успешна стадионска турнеја, која донесе приход од 345 милиони долари.