НАУЧНИЦИ ЗА ПРВПАТ ЈА СНИМИЛЕ ПЕСНАТА НА ЕДЕН ОД НАЈРЕТКИТЕ КИТОВИ НА СВЕТОТ

Вашингтон, (Гардијан)

Поморски научници за првпат успеаја да го снимат пеењето на еден од најретките китови на светот.

Истражувачи од Националната океанска и атмосферска администрација на САД (НОАА) користеле акустични снимачи за да ги фатат повторувачките шаблони на повикување, што ги прават машките примероци на севернопацифичкиот кит.

„Ова е првпат некој да снимил песна на оваа популација китови“, изјави Џесика Кренс, поморскиот биолог од НОАА.

Тие детектирале четири различни песни на пет локации во Беринговото Море за период од осум години. Се верува дека постојат само уште 30 вакви китови, кои се познати по бавното движење.

„Песните на некои други видови китови се добро познати, но досега не можевме да ги идентификуваме овие чудни звучни шаблони, бидејќи немавме визуелна потврда. Ни се посреќи во 2017“, додаде Кренс.

Таа појасни што се смета за песна на китови.

„Тоа е серија звуци што се репродуцираат на стереотипен, редовен начин, што одново и одново се повторуваат. Кај овие китови тоа најчесто звучи како истрел“.