КОБИ БРАЈАНТ ДОБИ ЧЕТВРТА ЌЕРКА И Ѝ ДАДЕ ИМЕ КОБИ

Лос Анџелес, (Пипл)

НБА-легендата Коби Брајант и неговата сопруга Ванеса објавија дека го добија четвртото дете, и тоа повторно ќерка.

„Превозбудени сме поради доаѓањето на нашето ново девојче“, напишаа Коби и Ванеса на Инстаграм.

Тие притоа го именуваа бебето според него, имајќи предвид дека полното име на новиот член на семејството е Капри Коби Брајант. Слично направија и Серена Вилијамс и нејзиниот сопруг Алексис Оханјан, чија ќерка се вика Алексис.

Коби и Ванеса се веќе родители на три ќерки: Наталија Дијаманте (16 години), Џана Марија-Оноре (13) и Бјанка Бела (две).