МЛАДИОТ СРПСКИ КОШАРКАР НИКОЛА КУСТУРИЦА СЕ НАЈАВУВА КАКО ИДЕН ПРВ ПИК НА НБА-ДРАФТОТ ОТКАКО ДОЈДЕ ВО ТИМОТ НА УЦЛА

Лос Анџелес, (АП)

Седумнаесетгодишниот српски кошаркар Никола Кустурица се придружи на кошаркарската програма на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес (УЦЛА) и почна да се најавува како прв пик на НБА-драфтот во 2028. Тој има уште две години пред да добие право на играње во НБА-лигата.

Висок 2,03 метри, Кустурица беше дел од младинскиот тим на Барселона од 2023. Настапувајќи во шпанската лига за играчи до 22 години, тој оваа сезона имаше просек од 13,5 поени, 7,5 скока и 1,9 асистенции на 19 одиграни натпревари.

Кустурица е роден во Нови Сад, а кариерата ја почнал во локалниот клуб Стар, од каде што заминал во Барселона. Тој сега потпиша повеќегодишен договор со УЦЛА Бруинс.

(Фото: ФИБА)