КИНЕСКИОТ УМЕТНИК АИ ВЕИВЕИ ЌЕ ЈА РЕЖИРА ОПЕРАТА „ТУРАНДОТ“ ВО РИМ

Рим, (Ројтерс)

Кинескиот уметник Аи Веивеи, познат по неговите критички настроени политички дела, ќе ја режира операта „Турандот“, во која дејството се случува во неговата родна земја.

Римската Опера објави дека Аи ќе ја постави операта од Џакомо Пучини и ќе ги дизајнира сценографијата и костимите. Премиерата ќе биде во март 2020 и ќе биде прво сценско искуство за 61-годишниот уметник.

„Турандот“ е опера за принцот Калаф кој се вљубува во принцезата Турандот и ја содржи една од најпознатите арии, „Несун дорма“.

Аи, кој помина три месеци во притвор во родната земја во 2011 и е познат по неговите критики за односот на комунистичката Кина кон слободата на изразување, вели дека „Турандот“ нема да зададе никакви удари.

„Оваа поставка на ‘Турандот’ ќе биде од моја гледна точка. Тоа ќе биде опера потопена во современиот свет, сегашните културни и политички борби, претставени преку приказната на Пучини”, изјави Аи, кој живее во Берлин од 2015.