Британскиот рок бенд „Квин“ продаде повеќе албуми во Северна Америка од кој било друг музичар во првата половина на 2019.
Во полугодишниот извештај на „Нилсен мјузик“ стои дека саундтракот на филмот „Боемска рапсодија“, кој освои четири оскари годинава, е најдобро продаванo рок издание во првите шест месеци на 2019, додека, пак, компилацијата „Најголемите хитови 1“ на „Квин“ е на второто место.
„Квин“ продал над 731.000 албуми, а неговите песни имаат над 1,3 милиони симнувања од интернет, објави „Нилсен мјузик“. Хит-дуетот на Леди Гага и Бредли Купер, „Плитко“, е симнат 648.000 пати.
Исто така, „Рокетмен“, биографскиот филм за Елтон Џон, помогна за 138% да порасне продажбата на албумите на британскиот пејач откако излезе на 31 мај.