НА НАЈДОЛГИОТ ТОБОГАН НА СВЕТОТ ВОЗЕЊЕТО ЌЕ ТРАЕ ЧЕТИРИ МИНУТИ

Куала Лумпур, (Си-Ен-Ен)

Тобоганите се суперзабавни, но откако ќе се уморите за да се качите до врвот, наградата трае едвај неколку секунди. Ова нема да биде случај со тобоганот што моментално се гради во Малезија.

Долг 1.140 метри, за тобоганот во тематскиот парк на островот Пенанг се вели дека ќе го нуди најдолгото возење на светот. Тој треба да биде завршен до крајот на јули, а во употреба ќе биде од август.

Сегашниот Гинисов рекорд за најдолг тобоган го држи тематскиот парк во Вернон, Њу Џерси, кој изнесува 601 метар. Но, за разлика од него, кој е на надувување, тобоганот во Малезија ќе биде постојана структура, закачена за челични шипки. Возењето на овој тобоган ќе трае цели четири минути.

„Уривањето на Гинисов рекорд никогаш не била наша намера. Отсекогаш ми пречело што возењата на тобогани се кратки и брзи, па сакав да направам нешто што ќе трае добри неколку минути“, изјави Сим Чу Кенг, извршниот директор на паркот „ESCAPE“.