„ЛЕТЕН САЛОН“ ВО ГАЛЕРИЈАТА „АКАНТУС“ ЌЕ СПОИ 11 МАКЕДОНСКИ УМЕТНИЦИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Единаесет македонски уметници ќе бидат дел од изложбата „Летен салон“, што вечерва во 20 часот се отвора во галеријата „Акантус“ во скопската населба Дебар Маало.

Со свои дела ќе се претстават Симон Шемов, Марина Лешкова, Нина Гештаковска-Цветковска, Срџан Миќиќ, Славица Јанешлиева, Андреј Митевски, Вана Урошевиќ, Зоран Тодовиќ, Марија Ветероска, Дијана Томиќ-Радевска и Катрин Салентин, автори од различни генерации и стилски изрази.

Разновидни по медиумите во коишто работат, богати по сензибилитет карактеристичен за нив, оваа изложба претставува хармоничен генерациски спој на автори“, се вели во најавата на изложбата, која ќе биде отворена до 4 септември.