КИНО НА ТРЕВА КАЈ МКЦ СО ФИЛМОВИТЕ НА ПАВЛИКОВСКИ, СОРЕНТИНО, ШЕРБЕЏИЈА…

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од денеска до сабота, во паркот на Младински културен центар (МКЦ) ќе има бесплатни филмски вечери. Станува збор за прво издание на Кино на трева, кое е во склоп на настанот „МКЦ за Скопје“, а ќе се прикажат пет филмови.

„Ќе биде обезбеден превод на македонски јазик, на вас останува да си обезбедите место за седење со камперски столчиња или некое постаро ќебе. Сите проекции почнуваат во 21 часот, освен проекцијата на 26 јули, која ќе започне по полноќ“, велат од МКЦ.

Вечерва игра „Студена војна“ на Павел Павликовски, утре е „Догмен“ на Матео Гароне, в четврток е „Лоро“ на Паоло Сорентино, в петок „Ослободување на Скопје“ на Данило и Раде Шербеџија, а програмата завршува в сабота со „Граница“ на Али Абаси.