Десеттото издание на Медиумскиот фестивал Скопје ќе се одржи од 17 до 19 ноември во „Лабораториум“. Фестивалот го организира Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА, а влезот е слободен.
Отворањето е со „Птици на војната“, филм за либанска новинарка со седиште во Лондон и сириски снимател, кои обелоденувајќи ја вистината, успеваат да изртат и љубовна приказна во сенката на воената бруталност.
На 18 ноември ќе има работилница за справување со стрес со психотерапевтката Радмила Живановиќ, дискусија за женскиот глас во јавната сфера и обработка на теми што особено ги засегаат жените. Ќе има проекција на „Укради ја приказнава, те молам!“ за новинарката Ејми Гудман и „Демократија во мрак“, каде низ приказните на новинарка, пратеничка од опозицијата и медицинска сестра е прикажана трансформацијата на Унгарија од демократска земја во авторитарно владеење.
На 19 ноември е работилница со Маја Атанасова од Македонско здружение на млади правници. Во 20 часот ќе се прикаже „80 гневни новинари“ на воениот известувач Андраш Фелдеш. Фестивалот го затвора „Господин Никој против Путин“, добитник на Оскар за најдобар документарен филм за 2025.