„ЗЛАТЕН ДАБ КЛАСИК“ Е НОВАТА КЛАСИКА ОД „ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Прилепска пиварница“ го прослави 95. роденден со промоција на своето најново пиво – „златен даб класик“, оригинално македонско пиво со 100% јачменов слад.

Произведено со најсовремена технологија од најквалитени природни состојки, „златен даб класик“ настапува на македонскиот пазар како новитет и вистинско изненадување за сите љубители на пивото.

„‘Златен даб класик‘ е нашиот начин како да ги прославиме традицијата и квалитетот зад кои цврсто стои ‘Прилепска пиварница‘. Со ‘златен даб класик‘ создадовме нов, автентичен вкус, уникатно македонско пиво со 100% јачменов слад. ‘Новата класика‘, како што ние го викаме, е производ на 95-годишната традиција, но и потврда дека инвестирањето во најсовремена технологија нè става на рамниште на најпопуларните светски пиварски индустрии“, изјави Сашко Самарџиоски, генерален менаџер на „Прилепска пиварница“.