Венецуелскиот уметник Карлос Крус-Диес, еден од пионерите на кинетичко-оптичката уметност што се карактеризира со апстрактни и често геометриски дела, почина во Париз на 95 години.

Карлос Крус-Диес создавал дела кои се менуваат

Користејќи линии и живи бои, Крус-Диес создавал зашеметувачки дела, кои често се менуваат во зависност од гледната точка.

„Мојата уметност постојано се менува бидејќи и светлината постојано се менува“, кажа своевремено Крус-Диес, кој живеел во Париз од 1960-ите.

Крус-Диес на 90 години префарба стар брод во Ливерпул (Фото: Гети)

Неговите дела можат да се најдат не само во некои од најголемите музеи на светот, туку и на јавни места, како што е случај со пешачкиот премин пред музејот „Броуд“ во Лос Анџелес, кадешто традиционалните бели линии ги замени со зелена, сина и портокалова боја.

Тој имаше 90 години кога беше повикан да префарба стар брод закотвен во пристаништето во Ливерпул, давајќи му нов живописен изглед.

Делото „Chromosaturation“ зафати неколку простории на изложба во Лондон (Фото: Гети)