Венецуелскиот уметник Карлос Крус-Диес, еден од пионерите на кинетичко-оптичката уметност што се карактеризира со апстрактни и често геометриски дела, почина во Париз на 95 години.
Користејќи линии и живи бои, Крус-Диес создавал зашеметувачки дела, кои често се менуваат во зависност од гледната точка.
„Мојата уметност постојано се менува бидејќи и светлината постојано се менува“, кажа своевремено Крус-Диес, кој живеел во Париз од 1960-ите.
Неговите дела можат да се најдат не само во некои од најголемите музеи на светот, туку и на јавни места, како што е случај со пешачкиот премин пред музејот „Броуд“ во Лос Анџелес, кадешто традиционалните бели линии ги замени со зелена, сина и портокалова боја.
Тој имаше 90 години кога беше повикан да префарба стар брод закотвен во пристаништето во Ливерпул, давајќи му нов живописен изглед.