Во паузата меѓу два дела на „Брзи и бесни“, во кината доаѓа спиноф приказна на овој долгогодишен филмски серијал.
Во Синеплекс и Милениум од денеска игра „Хобс и Шо“, кој се фокусира на ликовите што во неколку филмови од оваа франшиза ги играа Двејн Џонсон (Лук Хобс) и Џејсон Стејтам (Декард Шо). Иако противници во „Брзи и бесни“, тие овдека се принудени да ги здружат силите за да му се спротивстават на уште помоќен злосторник, Брикстон (Идрис Елба).
Во останати улоги се Ванеса Кирби, Хелен Мирен и Елса Гонсалес.
Наредниот, деветти дел од „Брзи бесни“, во кој Џонсон и Стејтам нема да играат, моментално се снима, а веќе е најавено дека ќе има и десетти филм.