СПЕЛИНГ И ГАРТ КАКО ДОНА И КЕЛИ ЈА НАЈАВИЈА УТРЕШНАТА ПРЕМИЕРА НА „БЕВЕРЛИ ХИЛС“

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)
Mandatory Credit: Photo by John Salangsang/Shutterstock (10353133o) Tori Spelling and Jennie Garth BH90210 Peach Pit Pop-Up, Arrivals, Los Angeles, USA - 03 Aug 2019

Тори Спелинг и Џени Гарт ги „оживеаја“ нивните ликови Дона и Кели за обожавателите на „Беверли Хилс“, во знак на утрешната премиера на новата ТВ-серија. Актерките се појавија во бели фустани на кои со боја беа испишани имињата Дона и Кели, со што, како што изјавија, сакаат да го одбележат враќањето на популарната серија од 1990-те.

„ Со мојата најдобра пријателка Џени Гарт се инспириравме да им оддадеме почит на нашите ликови со модерна верзија на боите на ‘Беверли Хилс’“, напиша Спелинг на Инстаграм.

Премиерата на новата верзија на серијата насловена „БХ90210“, е утре на „Фокс“ и ќе има шест епизоди. Покрај Спелинг и Гарт, се враќаат и Џејсон Пристли, Шенен Доерти, Брајан Остин Грин и Ијан Зиринг, како и некои поспоредни ликови. Серијата ќе му оддаде почит на Лук Пери, кој почина во март по мозочен удар.