Новата серија со екипата од „Беверли Хилс 90210“ премиерно ќе се емитува на 7 август, соопшти „Фокс“. Насловена „БХ90210“, таа ќе има шест епизоди и во неа ќе глуми истата постава од култната серија од 1990-тите, освен Лук Пери, кој почина во март по мозочен удар.

„Фокс“ објави куса најава за серијата со ѕвездите Шенен Доерти (Бренда), Џејсон Пристли (Брендон), Џени Гарт (Кели), Јан Зиринг (Стив), Габриел Картерис (Андреа), Брајан Остин Грин (Дејвид) и Тори Спелинг (Дона).

„Бандата се враќа дома“, стои во најавата.

Екипата на „Беверли Хилс“ се враќа за да ја игра „порасната верзија од нив самите во сосема нова драма, со здрава доза на непочитување, што е инспирирано од нивните вистински животи и односи“.