Беверли Хилс е првиот американски град кој ќе забрани продажба на цигари, електронски цигари и на сите други тутунски производи, откако оваа одлука едногласно беше изгласана во градскиот совет.

Забраната, која ќе стапи на сила во 2021 година, ќе се однесува на бензински станици и на сите продавници, а исклучок ќе бидат хотели.

„Да се дозволи продажба на тутунски производи во градот значи олеснување на пристапот до овие штетни и опасни производи и не помага во промоцијата на нашиот град како здрав град“, изјавија од градската администрација.

Иако локалните бизниси се спротивставија на одлуката, властите велат дека придобивките за јавното здравје ќе бидат поголеми од профитот. Експертите, пак, сметаат дека оваа одлука постави темели за донесување слични закони во други градови.