СЕДУМ ПРЕТСТАВИ НА ФЕСТИВАЛОТ НА КОМЕДИЈА „ГОЛА МЕСЕЧИНА“ ВО НОВО ЛИСИЧЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од денеска до 9 септември, во спортскиот центар „Ново Лисиче“ во населбата Ново Лисиче во Скопје ќе се одржува 6. Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“.

Ќе се изведат седум претстави и ќе има проекција на еден документарен филм, а влезот е бесплатен. Фестивалот го организира Театар Комедија во соработка со Општина Аеродром.

Фестивалот вечерва во 20 часот ќе го отвори Театарот за деца и младинци со претставата „Волшебната флејта“. Утревечер е „Кнегињата од Фоли Брежера“ на Народно позориште Ниш, а во наредните пет дена ќе се изведат: „Мани, мани, мани“ на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, „Забрането смеење“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица, „Како да се ограби банка“ на Драмски театар, „Каде е пиштолот?“ на Народниот театар Охрид и „39 скали“ на Градско казалиште „Комедија“ од Загреб.

Фестивалот ќе се затвори со премиерата на документарниот филм за актерката Анче Џамбазова (1942-1997), како и со стенд ап настап на Никола Тодоровски.