„ЧУДЕСНА ТЕРАПИЈА“ ВЕЧЕРВА ПРЕМИЕРНО НА МАЛАТА СЦЕНА ВО ДРАМСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва од 20 часот, на малата сцена во Драмски театар премиерно ќе се изведе претставата „Чудесна терапија“ по текст на австрискиот автор Даниел Глатауер, во режија на Димче Николовски.

Претставата со тројца актери (Соња Стамболџиоска како психотерапевт и Маја Вељковиќ-Пановска и Предраг Павловски во улога на брачна двојка) раскажува за многу нарушена комуникација и недоразбирање помеѓу маж и жена. Тие одат на брачно советување, кое добива чудесни размери.

„Тоа е претстава за комуникацијата, поточно за недостигот на комуникација помеѓу луѓето. Тој проблем е корен на многу војни, вистински војни, а денес многу нè допира со напредната технологија и со оддалечувањето на луѓето. Претставата се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска“, вели Николовски.

Претставата „Чудесна терапија“ е направена со средства донирани од приватно лице.