Принцот Хари се прошета низ делумно разминирано поле во Ангола, 22 години откако тоа го направи и мајка му Дијана, принцезата од Велс.
Војводата од Сасекс носеше панцир додека шеташе низ бившата артилериска база во близина на градот Дирико, со цел да ја нагласи опасноста што ја предизвикуваат минските полиња. Местото и денес е означено со предупредувачки симболи.
Принцезата Дијана го привлече вниманието на целиот свет кога во 1997 година храбро се прошета низ активно минско поле во оваа африканска држава, во која во тоа време уште траеше граѓанската војна. Хари ја посети локацијата како дел од истата хуманитарна организација „Хало траст“.
Активистите на организацијата од август работат на расчистувањето на теренот во близина на Дирико, кој бил миниран од антивладини сили при нивното повлекување во 2000 година. Тие се надеваат дека локацијата ќе биде целосно чиста до крајот на следниот месец.