Иако би можела да добие смешен опис, фотографијата направена во планините Килијан во Кина е смртно сериозна.
На неа, лисица изненадува мрмот, што ќе доведе до борба помеѓу нив, во која што глодарот ќе настрада, и покрај интервенцијата од мајка му.
„Тоа е природа“, вели фотографот Јонгкинг Бао.
Неговата фотографија беше прогласена за најдобра на светскиот избор на фотографии на див свет за 2019 година.
Упорноста се исплаќа кога си фотограф на природниот свет и Јонгкинг со часови останал на планинска ливада за да ја сними оваа акција. Тој ја снимил и лисицата со несреќниот мрмот во устата.
Во категоријата јуниори победи Круз Ердман за ноќната фотографија на лигња во водите на Индонезија.
Од 1964 година, ова натпреварување го организира Музејот на природната историја во Лондон.