После три години криза околу брегзит, „Скај њуз“ претпостави дека на гледачите им е здосадена сета таа драма и одлучи да отвори нов канал на кој ќе нема ниту една вест за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.
Уште од референдумот во 2016, британските политичари преговараат за тоа како, кога и под кои услови ќе излезе Обединетото Кралство од ЕУ. Крајниот рок сега е 31 октомври, но тоа повторно може да биде продолжено. Истражувањето на Институтот за новинарство на „Ројтерс“ покажа дека повеќе од една третина од населението ги избегнува вестите, а најголем процент од нив како причина за тоа го навеле брегзит.
„’Sky News Brexit-Free’ е нашиот нов канал кој ќе биде вреден за гледачите да го посетат. Одморете од брегзит и Брисел“, изјави директорот на „Скај њуз“, Џон Рајли.