Сега кога Европската Унија има една држава помалку, нејзиниот географски центар се помести кон југоисток и сега се наоѓа во здодевно поле во Баварија.

Гадхајм, село со 80 жители во близина на германскиот град Вирцбург, се подготви за овој момент и пред Велика Британија ноќеска на полноќ да излезе од Унијата по 47 години, па на тоа место постави црвено-бел јарбол и до него, знамиња на Германија, ЕУ и на општината Фајтшехајм.

Од една страна, горди сме и среќни што стануваме нов географски центар на Европската Унија. Од друга страна, поводот е тажен, бидејќи Велика Британија нѐ напушти“, изјави градоначалникот на Фајтшехајм, Јирген Гец.

Гадхајм ја презема оваа чест од друга точка во Баварија, Вестернгрунд, која е 56 километри подалеку на северозапад.

Географскиот центар на ЕУ се наоѓа во Германија откако таа беше проширена од 15 на 25 членки во мај 2004 година.