ОРГАЗАМ КАЈ ЖЕНИТЕ

(СМАРТ СДК.МК)

Кога жените доживуваат оргазам, мускулите на пелвисот, околу вагината и на анусот се стиснуваат на ритмички начин, со постојана тензија и релаксација. Некои жени доживуваат чувство кое го обзема целото нивно тело.

Жените можат да имаат повеќе оргазми, речиси еден по друг. Ова се случува бидејќи по 10 до 15 минути после оргазмот, клиторисот се враќа на својата првична големина и е спремен за следната стимулација.

За многумина од жените сексот не е доволен за постигнување оргазам. Затоа клиторисот се стимулира со прсти или преку орален секс. Некои жени ја имаат таканаречената Г-точка, таа е зона во големина на паричка, три до пет сантиметри внатре во вагината, на предниот дел. Г-точката може да се стимулира со прст или преку одредени секс позиции.

Во суштина целото тело може да ве возбуди, но некои места се особено чувствителни при допирање, како вулвата, клиторисот и брадавиците. Обично кога брадавиците се стимулираат вагината станува влажна а комбинацијата на допирање на вулвата и брадавиците истовремено е посебно задоволство за многумина од жените.