Кога Музејот на Библијата ќе се отвори викендов во Вашингтон, ќе постави нов стандард за тоа како музеите спојуваат забава и едукација.
Проектот од 500 милиони долари, приватно финансиран, е опремен со историски богатства и внимателно подготвуван за да привлече публика од сите возрасти.
Новата атракција се најавува како најсовремена верзија на старомоден музеј, кој раскажува приказни со детали. Поставката нуди директен извештај за американската историја, од првите колонисти до ерата за граѓански права и пошироко, низ призмата на Библијата.
Директорите на музејот во 2012 година одлучија да ја купат зградата на терминалот за ладење и складирање од 1923 година во југозападниот дел на Вашингтон.
Со додавање на атриум од стакло и на два спрата на врвот на старата градба и со поврзување на подовите со скалила, архитектите ја претвориле зградата без прозорци во успешен музејски простор со седум јавни сцени, ресторан и со градина на покривот.
На два спрата има изложби кои, главно, се однесуваат на суштината на библиската историја, додека на третиот кат се простории со реконструкција на село од Новиот завет, вештачки маслинови дрвја, бања, и со мултимедијален простор, каде хронолошки е прикажана раната историја на еврејскиот народ.
Директорите на институцијата ја истакнаа желбата за професионална и непристрасна презентација.
„Сакаме да биде што е можно попрецизно, колку што е можно попрактичено ако сакате, колку што е можно повеќе несекташки”, рече Тони Цајс, извршен директор на музејот.