ЕД ШИРАН ЈА ИМА НАЈПРЕСЛУШУВАНАТА ПЕСНА ВО ПОСЛЕДНАВА ДЕКАДА

Лондон, (ДПА)

Најпреслушувана песна во изминатава деценија е „Shape of You“ на Ед Ширан, објави стриминг платформата Спотифај. Во периодот од 2010 до 2019, таа била преслушана 2,4 милијарди пати.

Големиот хит на британскиот пејач и текстописец се пласираше пред „One Dance“ на Дрејк, која била стримувана 1,7 милијарди пати, а се најде и на петтата позиција со песната „Thinking Out Loud”.

Севкупно, најстримуван музичар во изминатата деценија е Дрејк, чии песни биле преслушани повеќе од 28 милијарди пати, па следуваат Ед Ширан, Поуст Малоун, Аријана Гранде и Еминем.