Британскиот актер Колин Фирт и неговата сопруга Ливија објавија дека се разведуваат по 22 години брак и две години откако признаа дека таа имала љубовник.
„Колин и Ливија се разделија. Тие остануваат блиски пријатели и обединети во својата љубов кон децата“, изјави претставник на двојката за магазинот „Пипл“.
Минатата година, 59-годишниот оскаровец и Ливија заеднички објавија дека таа имала кратка врска со италијански новинар додека тие на кратко биле разделени. Овој случај стигна и до суд откако Ливија Фирт го обвини Марко Бранкача дека тој ја следел откако во 2016 година ја прекинале 11-месечната врска.
„Пред неколку години, Колин и Ливија донесоа приватна одлука да се разделат. За тоа време, Ливија имаше кратка врска со нејзин поранешен пријател. Фиртови во меѓувреме пак се обединија“, соопштија тие во март 2018.
Во 2017 полицијата отвори истрага против Бранкача, откако Ливија го обвини дека покренал „застрашувачка кампања на вознемирување“.
„Реалноста е дека јас и Ливија се познававме од млади години, а во 2015-16 бевме во 11-месечна врска. Откако раскинавме во јуни 2016, веќе никогаш не сум ѝ се јавил. Само еднаш ѝ честитав роденден со порака“, кажа Бранкача за случајот што беше затворен во јули 2018.