ГРАД ВО ИТАЛИЈА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА СВЕТСКА ПРЕСТОЛНИНА НА ГРДИ ЛУЃЕ

Рим, (Би-Би-Си)

Сместен во долина меѓу Апенини и Јадранско Море во централна Италија, Пјобичо е симпатично средновековно гратче познато по тоа што неговите жители се „грди“.

Од 1879 година, овој град со 2.000 жители е дом на „Club del Brutti“ (Клуб на грдите), асоцијација чии членови веруваат дека „една личност не ја определува изгледот, туку она што е“. Низ генерациите, она што почна како утописка идеја прерасна во светски раширено движење. Денес, „Светската асоцијација на грди луѓе“ брои над 30.000 членови низ цел свет.

Градот ја слави грдотијата со годишен фестивал

Нешто како Тиндер во денешно време, Клубот на грдите оригинално бил замислен како сервис за наоѓање партнери за слободните жени во градот. Со тек на времето, мисијата на локалните жители станала да го потсетуваат општеството дека внатрешната убавина е поважна од надворешниот изглед и во 2007 година, Пјобичо откри статуа посветена на грди луѓе.

Денес е лесно да се стане член на клубот, при што постарите членови само го проценуваат нивото на „грдотијата“ на потенцијалните членови, која може да варира од „неодредено“ до „исклучително грдо“. Во првата недела од септември, во градот се одржува годишниот Фестивал на грдите, кога се избира претседател на клубот.

Џовани Алуиџи (во средина) е претседател на клубот во последните осум години

Никогаш не нѐ вознемирува кога ќе ни кажат дека сме град на грдите. Нашето мото е ‘грдотијата е доблест, убавината е ропство‘. Сакаме луѓето да сфатат дека е важно она што го имаме внатре во нас“, вели Џовани Алуиџи, претседател на клубот во последните осум години.

И воопшто не мора да се биде грд за да се биде член на клубот.

Важно е да се сфатат смислата и идејата на клубот. Важно е да се слави грдотијата за да може да се тргне стигма од неа“, додаде Алуиџи.